Милановиќ: Србија мора да разбере дека од романсата со Русија ќе излезе како измамена љубовница

Зоран Милановиќ Фото Armend NIMANI / AFP / Profimedia

Во Загреб, на прес-конференција Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ со новата словенечка претседателка Наташа Пирц Мусар, рече дека „некои работи мора да се променат“ во Србија за да се стигне на Запад каде што е „добредојдена“, објави Н1.

„За Србија да дојде на Запад, каде што е добредојдена, некои работи мора да се променат. Фактот дека ситуацијата во Украина е момент или почеток на крајот на една навидум српско-руска романса во која Србија ќе сфати дека е измамена љубовница. Во одреден момент Русија ќе мора да го признае Косово или да се преправа дека го признава за да го реализира тоа што го прави во Украина“ рече Милановиќ.

„Косовските власти и моите пријатели Курти и Вјоса, за почеток, ќе мора да ѝ дадат некаков статус на заедницата на српските општини на северот на Косово. Тие го потпишаа тоа.“, рече Милановиќ.

Србија остана без Косово, не го даде доброволно, го загуби во војната“, рече Милановиќ.

Тој, исто така, рече дека секогаш ги повикува државниците од земјите кои не го признале Косово да го сторат тоа.

На белградските таблоиди кои позитивно реагираа на неговата изјава за киднапираното Косово, Милановиќ им одговори со насловот на хумористичната серија на Лери Дејвид: „Без ентузијазам, ве молам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот