Милановиќ ја обвини владата во Сараево и неговите спонзори дека не се грижат за Хрватите во БиХ

Зоран Милановиќ/ фото: ЕПА

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска изјави дека тој и премиерот – Андреј Пленковиќ, мора да се договорат како да им помогнат на Хрватите во БиХ да си ги вратат основните права, бидејќи политичко Сараево и неговите спонзори, Канцеларијата на високиот претставник и САД, не покажуваат интерес за тоа.

Милановиќ на фестивалот „ЗеГеВеге“ за одржливо живеење ја коментираше дводневната посета на Пленковиќ и рече дека „конечно собрал храброст“ да зборува за нерамноправноста на Хрватите, добивајќи слична реакција како и тој.

– Пленковиќ беше два дена во Босна и Херцеговина. Конечно собра храброст и проговори за пресудите на Сејдиќ-Финци, за тоа како Хрватите не можат да го избираат својот член на Претседателството, што го опструира политичко Сараево,“изјави Милановиќ.

Тој потсети дека веќе шест години говори за овој проблем, а сега Пленковиќ конечно го призна, иако многу други земји би барале повеќе.

– Мораме да се договориме што да направиме за тие луѓе. Политичко Сараево и неговите спонзори, тоа е Канцеларијата на високиот претставник и американската амбасада, не се грижат за Хрватите во БиХ, додаде Милановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот