Милановиќ и Грлиќ Радман изразија сочувство за трагичната несреќа на косовскиот автобус

Фото: EPA

Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, и шефот на дипломатијата, Гордан Грлиќ Радман, изразија сочувство до народот на Косово и семејствата на жртвите од трагичната несреќа што се случи утринава во Хрватска, во близина на Славонски Брод.

– Изразувам сочувство до семејствата на патниците кои загинаа во сообраќајната несреќа што се случи утрово во близина на Славонски Брод, сочувствувам со властите и народот на Косово во овој тажен момент за сите нив. Им посакувам на повредените патници брзо закрепнување, напиша претседателот Милановиќ.

– Ја повикав министерката (Доника) Гервала-Шварц и им го пренесов сочувството на луѓето и семејствата на жртвите од трагичната автобуска несреќа што се случи утрово во Хрватска, напиша Грлиќ Радман на својот профил на Твитер.

– Изразив надеж за брзо заздравување на повредените во сообраќајната несреќа, додава шефот на хрватската дипломатија.

Десет лица утринава загинаа, а 45 се поврдени, од кои 15 посериозно, кога автобус со косовски регистарски таблички слета на автопатот кај Славонски Брод.

Претходно и премиерот Андреј Пленковиќ изрази сочувство до косовските власти, семејствата на жртвите и народот.

ВИДЕО | Косовски автобус се преврте во Хрватска: Во страшна сообраќајна незгода 10 луѓе го загубија животот, а десетици се повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот