Милановиќ жестоко ја критикуваше Колинда: Мандатот го започна со крстоносна војна

Фото: Принтскрин

Иако не поминаа ниту 24 часа од релативната победа во првиот круг од претседателските избори во Хрватска, Зоран Милановиќ одржа митинг во Самобор, пренесува Индекс.хр

Тој најавил дека за вториот круг на претседателските избори и конечната борба со актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, нема многу да ја менува стратегијата.

Тој истакнал и дека Колинда го почнала мандатот со „крстоносна војна“ против тогашниот директор на СОА и го натерала премиерот да потпише негова замена. Тој рекол дека Колинда му дала на Тим Орешковиќ да потпише замена, а дека тој не ни знаел што потпишува бидејќи не знаел хрватски.

Пред присутните на митингот, Милановиќ нагласил и дека барал дебата со Колинда.

– Утринава им предложив на сите национални телевизии да се обединат и да формираат една заедничка дебата, во која јас и актуелната претседателка ќе разговараме за она што можеме и она што не можеме да го направиме. Така, наместо три дебати и осум часа разговори, ќе разговараме два и пол часа, со цел тоа да може да го види целата авност – рекол тој.

Потоа, Милановиќ, додал дека ако победи во вториот круг нема да се однесува како актуелната претседателка.

– Нема да се однесувам како актуелната претседателка, ќе заборавам од која партија доаѓам, во таа партија бев претседател, не бев сокриен, секогаш ја носев најголемата можна одговорност. Но, тоа ми дава сила да се тргнам од тоа на чесен начин – изјавил Милановиќ, јавуваат хрватските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот