Милановиќ во приватна посета на Албанија по покана на Рама

Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, во наредните два дена ќе престојува во приватна посета на Албанија по лична покана на премиерот Еди Рама.

Педесет и шест годишниот Милановиќ, кој ја предводеше дванаесеттата хрватска влада од 2011 до 2016 годна, подолг период беше еден од советниците на премиерот Рама.

Ова го потврди лично Рама на заедничката прес конференција во Тирана, одржана на почетокот на ноември 2017 година, со тогашниот еврокомесар за соседска политика и пристапни преговори,Јоханес Хан.

– Хрватска е одлична држава која е пример во регионот. Зоран е еден голем пријател, сум барал совети од него и ќе барам, тие се секогаш добредојдени. Сакам да кажам дека тој е толку добар со мене што никогаш не е доцна кога дава совет, одговори тогаш Рама на прашање на новинар на хрватски медиум.

На предизборното соочување пак со неговата противкандидатка Колинда Грабар Китаровиќ во јануари годинава, Милановиќ рече дека имал пријателство со Рама,но дека не работел за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот