Милановиќ: Собранието е над штабот, кој всушност е ништо

Зоран Милановиќ/ фото: ЕПА

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ смета дека одлуките на Штабот за заразни болести, кого тој неодамна го опиша како парауставно тело, треба да бидат одобрени од Парламентот, бидејќи Собранието е над штабот.

Милановиќ во Вела Лука рече дека се залага постојните одлуки на штабот, кои се донесуваат и „кои му се наметнуваат на народот”, да бидат одобрени со одлука на Собранието.

– Парламентот е над штабот. Штабот всушност е ништо, рече Милановиќ.

Според него, Владата не воведува автократија, но „постои нешто со се нарекува узурпирање на туѓите права”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот