Милановиќ: Нема потреба од воведување вонредна состојба

Зоран Милановиќ/Фото: EPA-EFE/DANIEL NOVOTNY

Хрватскиот претседател и врховен командант на вооружените сили Зоран Милановиќ денеска го посети сместувачкиот камп пред болницата Дубрава во Загреб, посочувајќи дека нема потреба од воведување целосен карантин или вонредна состојба .

– Ако навистина има потреба од подрастични, екстремни мерки како што е карантинот, тогаш тоа вклучува прекинување на работата на Парламентот, а тоа е она што сакам да го избегнам, рече Милановиќ.

Тој истакна дека и тој и Саборот постојат за да се грижат за другите, а не обратно, јави Хина.

Хрватскиот претседател изрази уверување дека Парламентот ќе ја извршува својата работа и дека ако Саборот не може да се состане, тогаш согласно Уставот се предвидува поделба на одговорностите меѓу Владата и Претседателот, но повтори дека тоа е последната работа за која размислува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот