Милановиќ: Нема да ја прифатиме декларацијата на НАТО ако не се спомене Дејтонскиот договор

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска изјави дека некои земји не сакаат во завршната декларација на самитот на НАТО да се споменуваат Дејтонскиот мировен договор и конститутивноста на трите народи во Босна и Херцеговина, но Хрватска нема да даде согласност на нешто такво.

– Ќе мора да зборувам за тоа на самитот, ние нема да дадеме согласнот на завршната декларација бидејчи во неа сме третирани како ситен кусур – рече Милановиќ, пренесе телевизијата Н1.

Тој вели дека „некој има проблем во завршната декларација на НАТО да се спомене Дејтонскиот договор и трите конститутивни народи“.

– Како декларацијата да ја пишувало некое невладино здружение од Сараево. Не мислам да се вратам со тоа во Загреб – нагласи хрватскиот претседател зборувајќи за утрешниот самит на НАТО, на кој меѓудругото треба да буде усвоена заедничка изјава во која се споменува Босна и Херцеговина.

Тој оцени дека тоа покажува „какви планови имаат за Босна некои меѓународни кругови“.

– Тоа низ Хрватска нема да помине – нагласи Милановиќ и додаде дека во последните седум дена работи на завршната изјава.

Претседателот на Хрватска рече и дека сакал да помогне, ама сега се работи сам, затоа што министерот за надворешни работи (кој е од ХДЗ) не сакал да биде дел од хрватската делегација. Претходно Милановиќ изјави дека министерот требало да биде дел од делегацијата на самитот на НАТО, но дополнително го откажал учеството, бидејќи, како што закчули, тоа му го забранил премиерот Андреј Пленковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот