Милановиќ му одговори Орбан за провокацијата со картата на „голема Унгарија”

Тој оцени дека станува збор за провокација од оние, како што вели, „кои многу добро знаат дека тие карти и натаму остануваат само во плакарите”.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одговори на новата провокација на унгарскиот премиер Виктор Орбан по објавувањето на картата на „голема Унгарија”.

– По повод картата / глобус на која се гледа хипертрофирана Унгарија, инаку соседна и, во поновата историја, пријателска држава, која моментно е во тесна контрола на хроничните „картомани”, мојата порака за охрабрување до хрватските ученици пред матурирањето гласи: Хрватска е модерна европска земја и нација. Во нашите плакари и архиви  се наоѓаат бројни историски карти и мапи кои ја покажуваат нашата татковина многу поголема отколку што е денес. Плакарите на повеќето европски земји кријат слични содржини. Не ги „споделувајте” и ставате на вашите профили. Тие не се актуелни или достижни денес и, уште поважно, тие бескрајно ги иритираат нашите соседи. Исто како што нè иритираат нас, но секојпат одново не изненадуваат „историските” карти кои, како мрачен фетиш, практично и предвидливо излегуваат од страниците на некои „лидери” во соседството, напиша Милановиќ на Фејсбук.

Тој оцени дека станува збор за провокација од оние, како што вели, „кои многу добро знаат дека тие карти и натаму остануваат само во плакарите”.

-Учете историја, но гледајте во иднината, им порача Милановиќ на матурантите во Хрватска.

Прочитајте и...  Овие училишта добија дозвола за физичка настава

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, вчера преку својот Фејсбук профил, упати честитка до матурантите кои полагаат историја, проследена со картата на „голема Унгарија”. На таа карта, во границите на Унгарија е територија која зафаќа голем дел од Хрватска, сè до Риека и Далмација.

Орбан и во декември објави фотографија на „голема Унгарија”, кога претседателството на неговата партија Фидес одржа состанок пред големата карта на „историска Унгарија”.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ тогаш рече дека тоа не е првпат таа карта да се покажува на состаноците на Фидес, оценувајќи дека „хрватските граници се онаму каде што се”.

Во јуни минатата година, официјалната унгарска страница на Твитер на англиски јазик „About Hungary” објави илустрација со која се сугерира дека по Прватска светска војна и Трианонскиот договор, на Унгарија и биле одземени две третини од територијата, меѓу кои и 63 илјади километри квадратни, кои се дел од денешните Хрватска, Словенија и Србија, односно Војводина. Словенија изрази осуда, додека Хрватска не реагираше. 

Прочитајте и...  „Најки“ може трајно да премине кон онлајн продажба

Прочитај повеќе

Европска агенција за основни права: Ромите живеат 10 години помалку од другите Европејци

Слободен печат

Почина Жилиет Греко, икона на француската шансона

Слободен печат

Протест во Грција: Блокираа автопат во знак на револт за сместување на мигранти во локален хотел

Слободен печат

ММФ укажува: Години ќе бидат потребни за економска санација на последиците од ковид-19

Слободен печат

Џон Јовановиќ: Почнува нова ера во односите меѓу Србија и САД

Слободен печат

Курц: Откажан годишниот бал во виенската опера поради ковид-19

Сашко Димовски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на 2021 година

Слободен печат

Мицкоски: Бараме независен јавен обвинител и одговорност за незаконски прислушуваните разговори

Слободен печат

Бектеши ги охрабрува приватните компании: Следете ја етничката застапеност како во јавниот сектор

Слободен печат

Несреќа во Нигерија: Експлодира камион-цистерна, меѓу 23. загинати има и деца

Слободен печат

Белоруската полиција со водени топови растерува илјадници демонстранти во Минск (видео)

Слободен печат

Старт на судски процес на обвинителка контра опозиција: Рускоска претрпела душевна болка од изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат