Милановиќ ќе ја поддржи Грабар-Китаровиќ ако таа повторно сака да биде амбасадорка

Зоран Милановиќ
Зоран Милановиќ / Фото: Принтскрин/Индекс.тв

Тој ги коментираше и зборовите на премиерот Пленковиќ кој кажа дека меѓу нив ќе има „тврда кохабитација“, велејќи дека не знае што значи тоа и ќе мора да го разгледа Уставот на Хрватска.

Новоизбраниот хрватски претседател Зоран Милановиќ во првата изјава за медиумите по изборната победа, рече дека разговарал со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ и со актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, како и со други политичари од Хрватска, Европа и светот кој му ја честитале победата, пренесува „Индекс.хр“.

– Вистина е, разговаравме телефонски, ми се јави и Пленковиќ и госпоѓата Китаровиќ. Вчера одговарав на пораки, честитики, на сите од Хрватска и светот – рече Милановиќ, кој новинарите го дочекаа пред неговата домашна адреса.

Тој ги коментираше и зборовите на премиерот Пленковиќ кој кажа дека меѓу нив ќе има „тврда кохабитација“, велејќи дека не знае што значи тоа и ќе мора да го разгледа Уставот на Хрватска.

Милановиќ додаде дека ќе ѝ даде поддршка на Грабар-Китаровиќ ако таа одлучи дека по претсетаделската функција сака да ја продолжи дипломатската кариера.

– Ќе ѝ дадам поддршка. Таа не е одговорна за никакви кривични дела и беше претседателка – посочи тој.

Китаровиќ-Грабар веќе еднаш ја извршуваше функција амбасадор, и тоа во 2008 година, кога беше избрана за амбасадорка на Хрватска во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот