Милановиќ ја започна предизборната кампања со слоганот „Нормално“

Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Кандидатот за претседател на Хрватска Зоран Милановиќ и неговиот изборен штаб денеска отворија официјална веб страница за неговата предизборна кампања, која ќе ја води под слоганот „Нормално”.

Страницата засега е празна, освен еден збор, во црвена боја – „Нормално”, а под него, во сино поле е одбројувач, кој го мери времето до вечерва на полноќ, кога ќе почне да работи страницата.

После секој слоган „Нормално”, ќе има запирка, по која ќе се менуваат пораките. Милановиќ е кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), со потпис – претседател со карактер.

Милановиќ, поранешен премиер, кампањата ја почнува во сабота, со мотивациски собир во Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот