Милановиќ го постави новиот воен врв на Хрватска

Зоран Милановиќ/Фото: EPA-EFE/DANIEL NOVOTNY

Претседателот на Република Хрватска и врховниот командант на Оружените сили (ОС на РХ) Зоран Милановиќ донесе одлуки за именување на највисоките воени должности во ОС на РХ кои стапуваат на сила од 15 и 16 март, извести денес хрватското Министерство за одбрана.

Кадровските промени во хрватската војска следат откако Милановиќ за нов началник на Главниот стожер (ГС) на силите го именуваше вицеадмиралот Роберт Храњ.

Милановиќ, во рамки на Законот за одбрана и Законот за служба во ОС на РХ, на предлог на началникот на Главниот стожер (ГС) и со согласност на потпретседателот на владата и министер за одбрана Дамир Крстичевиќ, донесе одлука за именување на заменик-началник на ГС, директор на ГС, командант на Хрватската копнена војска, началник на стожерот – заменик командант на Хрватската војска и командант на Гардиската механизирана бригада на Хрватската копнена војска, а владата го именуваше новиот главен инспектор за одбрана.

Новоименуваните генерали и службеници имаат искуство од Граѓанската војна, школувани се во странство, САД и Германија, а воената кариера ја граделе во единиците на Хрватската војска, истакнува министерството за одбрана на Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот