Милановиќ е против полициски час во Хрватска: Треба да се биде внимателен и повеќе од тоа не е можно

Зоран Милановиќ/ фото: ЕПА

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ изјави денеска дека не се согласува со оние кои се залагаат за воведување на полициски час како мерка во борбата против коронавирусот, велејќи дека тие што го предложуваат тоа треба да се „бутнат во марица“.

-Ова е борба за здравје, но пред се за менталното здравје на човештвото. Мислам дека оние кои зборуваат за полициски час треба да се бутнат во „марица“, рекол Милановиќ за новинарите во Загреб.

Милановиќ рекол дека сегашните мерки се доволни, а дека луѓето се преплашени. „Треба да се биде внимателен и повеќе од тоа не е можно“, нагласил тој.

И хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно рекол дека и покрај покачувањето на бројката на заболени „затворање“ е крајната опција која Хрватска ќе ја применува во борбата против ширењето на коронавирусот.

Од вторник во Хрватска се на сила нови мерки кои се однесуваат на ограничување на јавни и други собири на 50 лица, а донесена е и одлука за скратување на самоизолацијата за лица кои биле во близок контакт со заразено лице од 14 на 10 дена. Тоа, меѓутоа не се однесува на лицата кои работат во институции за стари лица, тешко заболени и лица со инвалидитет.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот