Миланов: Вељаноски, Јанакиески и Ристовски се невини за „крвавиот четврток“ (ВИДЕО)

Од 27 април 2017 до денес имаме парламентарна демократија. Имавме и претходно. Ќе докажеме дека уставниот поредок никогаш не бил загрозен ниту променет. На некои лица на 27 април 2017 година им била загрозена сигурноста, а не на државата, што претставува голема разлика од тоа што на обвинетите им се става на товар во обвинителниот акт. Ќе докажеме дека собраниската седница на 27 април 2017 година по завршување на првата точка била завршена. Ќе докажеме дека никој не подготвувал загрозување на уставниот поредок. Од февруари до 27 април 2017 година секој ден се организираа протести. Со листата на докази од Собранието на Македонија тој 27 април 30 пратеници од парламентарното мнозинство бараат продолжување на конститутивната седница. Ќе докажеме дека никој не организирал или повикал на протест од овде присутните, изјави Еленко Миланов, адвокат на обвинетиот Трајко Вељаноски.

– Ќе докажеме врз база на стенограмски белешки од Собранието на Македонија дека пратеникот Зеќирија Ибрахими се обратил процедурално. Тој бил заменик координатор. За Трајко Вељаноски во обвинението стои дека работел спротивно на собранискиот Деловник – изјави Миланов.

Вељаноски е обвинет, вели Миланов, дека на 27 април од својот партиски лидер добил порака дека тој ден ќе се бира претседател на Собранието, но ќе докажеме дека таква порака добил и претходно.

– Ќе докажеме дека Вељаноски не го сторил делото за кое е обвинет ниту друго дело кое е пропишано во Кривичниот законик.

Со истиот обвинителен акт обвинети се Миле Јанакиески и Спиро Ристески, рече адвокатот Миланов. Јанакиески и Ристески се обвинети, истакна адвокатот дека секојдневно ги организирале и координирање градските комитети на партијата.

– Ќе докажеме дека немало никакво организирање или координирање на некој член. Обвинителството за нив двајца тврди дека организирале превоз на граѓаните од други градови на протестите пред собранието, што е невистина. Ќе докажеме дека тие протести според МВР биле мирни и ненасилни – нагласи адвокатот Миланов.

Тој вели дека ќе докажат дека сведокот Александар Василевски- Нинџа не бил во седиштето на партијата каде како што рекол дека ги видел сега обвинетите Јанакиески и Ристески.

– И двајцата обвинети не биле заедно и не можел да ги види. Нинџа до 23 часот не бил ни во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ – нагласи Миланов.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, околу организација на нападот на Собранието на 27 април 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот