Милано е следната дестинација на Бејл? – Слободен печат
СпортФудбал

Милано е следната дестинација на Бејл?

Претставници на Интер имале состанок со луѓето на Герет Бејл, се разгледуваат опции, начини како играчот на Реал да пристигне на „Џузепе Меаца".

Велшкиот репрезентативец Бејл не се во плановите на Зинедин Зидан за наредната сезона и „кралевите“ се обидуваат да се разделат со него.

Но, мали се шансите да го напушти „Сантијаго Бернабеу”. Со клубот има договор до 2022 година и добива 15 милиони евра по сезона, што е голем проблем, бидејќи неколку клубови можат да си дозволат да ја покријат неговата плата. Милански Интер ќе се обиде ако ништо друго да го доведе како позајмица.

Според шпанските медиуми, Бејл го информирал Реал дека играчот не се брза да си замине и има намера да почне подготовки со „белите”.

Манчестер Јунајтед и Тотенхем исто имаат интерес за Велшанецот, но во оваа фаза тие немаат намера да започнат преговори.

До сега Бејл за мадридскиот гигант од 2013 година имал 155 натпревари и 78 голови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close