Милан за 55 милиони евра го купува напаѓачот на Атлетико!?

EPA-EFE

Според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, на „Сан Сиро“ веруваат дека можат да го ангажираат аргентинскиот интернационалец Кореја (24) чии интереси ги застапува португалскиот менаџер Жорж Мендеш.

Воедно, се шпекулира дека можно е Андре Силва да биде продаден на Монако, а Патрик Кутроне на Вулверхемтон.

Мендеш исто така работи на реализација на тие евентуални трансфери во текот на летниот преоден рок.

Кореја во 2014 година од Сан Лоренцо дојде во Атлетико, а минатата сезона реализираше пет голови и запиша четири асистенции во 49 мечеви во сите натпреварувања. Има договор со „јорганџиите“ до 30 јуни 2024 година.

Да додадеме уште дека легендата на Милан, сега технички директор на клубот, Паоло Малдини ги демантираше гласините дека клубот преговара за трансфер на хрватскиот капитен од Реал, Лука Модриќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот