Милан во трката за македонски репрезентативец (ФОТО)

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во средата беше објавено дека португалски гигант покажал интерес за услугите на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Трајковски кој се очекува летово да има нов клуб, откако Палермо се очекува да се пресели во понизок ранг. Продолжуваат шпекулациите, интересно дури и тимот од „Сан Сиро“, Милан го посакува потписот на нашиот фудбалер.

Одново истиот извор Алфредо Падула ја открива оваа информација, човек кој очигледно добро ги следи активностите на италијанскиот фудбалски пазар.

„Росонерите“ имаат две слободни места за фудбалери надвор од Европската унија (ЕУ), па доколку биде ангажиран Трајковски, тогаш би можел да добие повластена позиција за екстра-место пред наредните трансферни периоди.

Претходно Спортинг Лисабон на нашиот Стефан Ристовски понудил договор од четири години како „идеална“ замена за Бруно Фернандеш кој се сели во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот