Милан во еден ден заработи 58 милиони евра

„Росоњерите“ во зимскиот преоден рок прават чистка на играчкиот кадар.

Екипата на Милан која по пауза од две години врза три победи во низа, во зимскиот преоден рок се обидува да се реши од промашените засилувања во изминатите неколку години и за еден ден заработија 58 милиони евра.

Неодамна од Милан си заминаа Фабио Борини, Матија Калдара и Пепе Реина, а во последните 24 часа, управата на „росоњерите“ се реши од уште тројца фудбалери.

Кшиштоф Пјатек за сума од 28 милиони евра ќе ја засили Херта Берлин. Полскиот репрезентативец денеска треба да ја има официјалната промоција во Берлин откако ќе ги помине лекарските прегледи.

Милан го продаде и швајцарскиот репрезентативец Рикардо Родригез и тоа за сума од шест милиони евра. Следна дестинација на Родригез е холандскиот ПСВ кој се согласи на шестмесечна позајмица и со задолжителен откуп на договоро на лето за сума од шест милиони евра.

„Росоњерите“ ги напушти и најдобриот играч во досегашниот дел од сезоната, Сусо. Шпанецот наредните 18 месеци ќе ги помине во Севиља како позајмен играч, а потоа доколку се исполнат условите од договорот, шпанскиот тим ќе мора да плати 21 милион евра за целосен откуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот