Милан со убедлив триумф ја започна одбраната на титулата во Серија А

Милан е помеѓу казнетите поради финансискиот фер-плеј/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Милан со триумф од 4:2 над Удинезе ја започнаа одбраната на титулата во Серија А. Иако италијанците не го сметаат Милан за главен фаворит за титулата, „росонерите“ во првиот натпревар покажаа дека имаат доволно квалитет да го задржат шампионскиот пехар на „Сан Сиро“.

Натпреварот започна со гол на гостите и тоа во втората минута. Стрелец на голот беше Бекао, но Милан до 15 минута направи пресврт. Прво Тео Ернандес го реализира ударот од белата точка, а потоа Анте Ребиќ погоди за 2:1.


Удинезе до полувремето успеа да дојде до израмнување преку Адам Масина. Но, Брахим Дијаз на стартот од второто полувреме погоди за 3:2,  а конечниот резултат го постави Ребиќ во 68 минута.

Победа на стартот во новата сезона оствари и Аталанта која со 2:0 ја совлада Сампдорија и тоа со головите на Рафаел Толои во 26. минута и новајлијата Адемола Лукман во четвртата минута од судиското продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот