Милан со нов договор за Златан Ибрахимовиќ

epa08099781 Swedish soccer player Zlatan Ibrahimovic poses withhis jersey during his presentation at the AC Milan's headquarters in Milan, Italy, 03 January 2020. it is the second time at Milan for the 38-year-old striker. EPA-EFE/Matteo Corner

Како што информираат италијанските медиуми, шведскиот ветеран одлучи и во следната сезона да ги брани боите на „росонерите“.

Златан Ибрахимовиќ на почетокот од годината дојде во Милан како слободен играч, но потпиша договор само до крајот на сезоната.

Сезоната 2019/20 во италијанската Серија А заврши пред еден месец, а Ибра имаше дозвола да преговара со други клубови. Но, во Милано беа одлучни да го задржат Швеѓанецот кој покажа во вториот дел од сезоната (10 голови во 18 лигашки натпревари) дека е големо засилување и покрај неговите 38 години.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио објави на Твитер дека Ибрахимовиќ го продолжи договорот (вреден седум милиони евра според „Скај Спорт“) до лето 2021 година. Наскоро се очекува и официјална потврда од клубот.

Почетокот на новата сезона во Италијанскиот фудбалски шампионат е закажан за 19 септември, иако одредени клубови бараат да стартуваат нешто подоцна со цел да добијат дополнителен одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот