Милан славеше над Парма, само бод за Елмас и Наполи! (ВИДЕО)

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Денеска во рамките од 33 коло во најсилното италијанско првенство Наполи ремизираше на гостувањето кај Болоња (0:1).

Уште во седмата минута клубот од „Сан Паоло“ дојде во предност преку Манолас после асистенцијата на Политано.

Во 67 минута домаќините реализираа погодок, но голот на Паласио беше поништен поради офсајд.

Но, играчите на Синиша Михајловиќ успеаја да дојдат бод во 80 минута благодарение Бероу по додавањето на Сориано.

Сампдорија беше убедлива над Каљари (3:0), а Милан со 3:1 триумфираше против Парма.

Иако Парма водеше во првото полувреме со голот на Куртиќ, а пресвртот се случи во вториот дел кога стрелаа Кесје, Ромањоли и Чалханоглу за „росонерите“.


Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот