Милан се договори со Реал Мадрид?

twitter.com/MilanEye

Според „Гаѕета дело Спорт“ Ернандез во Милан би имал договор на четири години со заработка од 1.8 милион евра по сезона.

„Кралевите“ од Мадрид го ангажираа Ернандез (21) во летото 2017 година за 24 милиони евра, а пред тоа беше дел од Б тимот на Атлетико Мадрид и на позајмица во Алавес.

Немаше голема минутажа на „Бернабеу“, па минатата година имаше повеќе натпревари во дресот на Реал Сосиедад каде што беше позајмен.

Левиот француски бек се очекува да ја освежи одбраната на „росонерите“ од чии редови ова лето еден играч би требало да си замине: Родригез, Лаксалт или Стриниќ.

Потсетување дека Реал се засили со францускиот интернационалец Ферланд Менди кој дојде од редовите на Олимпик Лион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот