Милан повторно „пукна“ поради Северина: Му пропадна бизнис од еден милион евра (ФОТО)

(Фото: Драгана Удовичиќ)

Милан Поповиќ поранешниот сопруг на Северина Којиќ реши да се повлече од приватниот бизнис со кој се занимавал седум години.

Имено, Милан Поповиќ во 2012 година кога му се роди синот Александар купи ресторан со цел да ја изненади неговата тогашна партнерка. Со оглед на тоа дека овој бизнис му пропадна, кралот на бакарот решил да го продаде.

(Фото: Драгана Кадиќ)

Ресторанот веќе година дена не му работел воопшто добро, а за него морал да плати во 2012 година еден милион евра.

– Тој веќе ги отпушти вработените, но испадна фер. Им даде опремнина и им вети дека ќе ги предложи на новиот сопственик – изјавил негов близок пријател.

Инаку Милан веќе нашол човек кој ќе го купи ресторанот, но по се изгледа многу тешко е дека ќе го продаде за истата или повисока цена од таа што тој го платил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот