Милан Поповиќ: „Игор Којиќ ме навредуваше и ми се закануваше пред детето, ќе го заштитам синот од дивјачко однесување“!

Фото: Инстаграм

Очигледно е дека Милан Поповиќ (54) ќе поднесе пријава против Игор Којиќ (32), по вербалниот инцидент кој се случил во чевтртокот на 28 ноември.

Имено, Игор со Северина (47) дошол до куќата на Милан за да му го предадат малечкиот Александар, а на прашањето дали навистина Игор го навредувал и му се заканувал, Поповиќ одговорил:

Фото: Приватна архива

– Да, вистина е. Имам намера да барам заштита од такво дивјачко однесување, особено што тоа се случува пред детето – рекол Милан за српски Телеграф.

(Фото: Драгана Кадиќ)

Да потсетиме. Милан кажал дека и Северина не разговара со него, дури ниту пред детето.

– Во интерес на детето е родителите да комуницираат. Ако ги следите советите на експертите, таа миминална комуникација на разведени родители за време на примопредавање е најголемата среќа за децата. Нормално е да се потрудам да воспоставам макар минимална комуникација со Северина кога сме во ист момент со детето. На Северина е тоа дали ќе прифати или нема да прифати, досега не прифатила и се надевам дека тоа ќе се промени, бидејќи тоа ќе го направи посреќно нашето дете – рекол Милан за Блиц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот