Милан не може без драма, на крајот само бод за Елмас и Наполи! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Денеска на последниот натпревар од саботната програма (32 коло) во најсилното италијанско првенство ремизираа екипите на Наполи и Милан (2:2). „Росонерите“ од 20 минута беа во предност, Ребиќ убаво го пронајде Хернандез на кого не внимаваше најдобро домашната одбрана и ја затресе мрежата на Оспина.

Во 34 минута се случи израмнувањето, Ди Лоренцо ја искористи одбиената топка од Донарума после изведен слободен удар, многу лесно се запиша во листата на стрелците.

После половина час игра пресврт на играчит на Џенаро Гатузо, како и многупати досега нова одлична акција помеѓу Каљехон кој асистираше до Мертенс, а Белгиецот успеа да го совлада гостинскиот чувар на мрежата. Во 73 минута клубот од „Сан Сиро“ успеа да извлече бод, ударот од белата точка успеа да го реализира Кесје.

Милан беше со играч помалку од 87 минута после вториот жолт картон на Саелемаекерс кој грубо го фаулираше нашиот Елиф Елмас, но тоа не промени ништо на резултатски план.

Македонскиот репрезентативец влезе во игра од 65 минута како замена за словачкиот интернационалец Лоботка. Наполи и Милан водат битка за настап во Европа, „наполитанците“ се на шестото место со 52 бодови, два повеќе од седмопласираните од Милано.

Несторовски и Удинезе ја победија Рома, но загубија од Сампдорија! (ВИДЕО)

Деветти гол на „Гранде Пандев“ во Серија А! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот