Милан не го дава на попуст Донарума

EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Екипата на Милан нема намера лесно да се откаже од услугите на својот капитен, Џанлуиџи Донарума и го одби првиот предлог на францускиот шампион.

ПСЖ понуди 20 милиони евра и голманот Алфонс Ареола за да дојде до услугите на Донарума. Иако медиумите во двете земји објавија дека работата е речиси завршена бидејќи и двајцата голмани имаат ист менаџер, Мино Рајола, Милан одлучи да не ја прифати понудата.

„Росоњерите“ иако имаат финансиски проблеми поради кои наредната сезона нема да учествуваат во Лигата на Европа, немаат намера евтино да се откажат од својот капитен и бараат 50 милиони евра плус Ареола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот