Милан наскоро ќе го промовира Рангник

twitter/Goals News

Како што информира „Гаѕета дело Спорт“, 62-годишниот германски тренер се очекува да седне на клупата на „росонерите“.

Веќе подолг период Ралф Рангник се најавува како нов тренер на Милан од следната натпреварувачка сезона.

Од 2015 година го води составот на Лајпциг, а претходно беше и стратег на Штутгарт, Хановер, Шалке, Хофенхајм…Со Шалке успеа во сезоната 2010/2011 да го освои Купот и Суперкупот на Германија.

Според најавите после завршувањето на фудбалската сезона во Италија Рангник ќе биде промовиран како нов тренер, заменувајќи го Стефано Пиоли.

Клубот од „Сан Сиро“ на пет кола до крајот на сезоната во шампионатот се наоѓа на седмото место со 53 бодови и води борба за учество во групите на Лига Европа следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот