Милан ќе испрати понуда, Наполи ја одреди сумата за Елмас

елмас
Елиф Елмас, еден од најдобрите македонски репрезентативци/Фото: EPA-EFE/Roberto Bregani

Елиф Елмас има важечки договор со „наполитанците“ до 30 јуни 2025 година, но во изминатите неколку месеци италијанските медиуми шпекулираат можно заминување на македонскиот репрезентативец од клубот.

Според Емануеле Кумарото, новинар на „Наполи Магазин“, околу 10 или 12 играчи сигурно ќе останат и следната сезона во тимот.

Управата на клубот веќе ги крои плановите за следната сезона, за услугите на Елмас се вели дека Наполи бара 20 милиони евра, а неговиот агент ги разгледува понудите.

Моментно според „Транфермаркт“ нашиот фудбалски „дијамант“ вреди 24 милиони евра, ажурирано од 28 декември 2021 година.

Составот на Лучано Спалети обезбеди место во групите на ЛШ следната сезона, но тренерот е под притисок од навивачите.

Сезонава во Серија А Елмас има 35 настапи и три голови, по еден во победите против Аталанта, Милан и Венеција.

Турските медиуми кои исто така ја следат ситуацијата со нашиот репрезентативец, пренесуваат дека следната недела Милан ќе испрати понуда до Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот