Милан ќе му оддаде почит на Коби Брајант! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во вторник „росонерите” се соочуваат со Торино во натпревар за Купот на Италија, кој ќе започне со едно-минутно молчење во спомен на легендата.

Италијанскиот фудбалски клуб Милан ќе оддаде почит на кошаркарската легенда Коби Брајант, кој почина трагично во хеликоптерска несреќа.

Светот на спортот потона во тага по трагедијата која го одзеде големиот шампион.

Во вторник (20.45 часот, „Сан Сиро“) „росонерите” се соочуваат со Торино во натпревар за Купот на Италија, кој ќе започне со едно-минутно молчење во спомен на легендата.

Брајант поголемиот дел од детството го помина во Италија, каде неговиот татко играше кошарка. Коби знаеше италијански и не ги криеше симпатиите кон Милан.

Во 2013 година, тој дури ја посети базата Миланело на „росонерите” и го сподели восхитот за клубот.

– Јас го поддржувам Милан уште од детството. Да се ​​биде овде е огромна чест за мене. Како дете беше остварување на сонот да ги гледам Гулит, Ван Бастен и Малдини. Милан отсекогаш бил мој тим и секогаш имал посебно место во моето срце. Во Л.А. имам шал и дрес од Милан, што ги гледам секој ден – изјави тогаш Брајант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот