Милан Калиниќ се огласи по тврдењата дека се разведува од сопругата по 18 години брак
Српскиот водител Милан Калиниќ наводно неофицијално се разведува од сопругата Сандра по 18 години брак.
Како што тврди српски „Информер“, актерот се иселил од семејниот стан, што, како што велат, навестува дека дошло до сериозни промени во нивниот однос.
Во оваа прилика, од српски „Телеграф“ го контактирале Милан за да ги проверат овие тврдења, на што тој многу љубезно одговорил:
– Навистина немам информации и немам ниту коментар за такви работи. Ви благодарам многу – изјавил Милан за „Телеграф“.
Да потсетиме, двојката се венча во 2006 година во црквата Свети Марко, а во бракот добија две деца, ќерката Теа и синот Вук.
Тие важеа за еден од најскладните парови на јавната сцена, иако во еден момент нивната љубов беше ставена на тест кога се раширија информации дека Сандра го изневерила.
ВИДЕО | Милан Калиниќ ја шокираше јавноста со изјавата на син му: „Тато, јас гледав порно филмови“