Милан го продаде Пакета и загуби 17 милиони евра

epa08206766 AC Milan's midfielder Lucas Paqueta looks dejected during the Italian Serie A soccer match between Inter Milan and AC Milan at the Giuseppe Meazza Stadium in Milan, Italy, 09 February 2020. EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Лукас Пакета ги напушти „росоњерите“ и во иднина ќе игра во францускиот шампионат.

Бразилецот пред една ипол година пристигна во Милан како голема желба на тогашниот спортски директор, Леонардо.

Тој ветуваше во сонародникот и успеа да ја добие битката со ПСЖ и Манчестер сити за негов ангажман. Трансферот изнесуваше 38 милиони евра со бонуси.
Но, по 18 месеци, Леонардо повеќе не е дел од Милан, а ниту Пакета ги оправда очекувањата и покажа дека може да биде новиот Кака. Бразилецот на 44 натпревари во дресот на Милан постигна само три гола и имаше уште толку асистенции, а новата управа на клубот летово бараше начин како да се ослободи од него.

На крајот, решението го најде во Франција, но не во ПСЖ туку во Олимпик Лион кој се согласи да плати 21 милион евра плус одреден процент од наредната продажба. Милан со овој трансфер загуби дури 17 милиони евра, но целта им беше по секоја цена да се ослободат од Пакета.

– Ни беше потребно да донесеме засилување какво што е Лукас Пакета. Сакаме да создадеме силен тим и ова е вистински чекор во таа насока – изјави Жан-Мишел Ола, претседателот на Олимпик Лион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот