Мила Јовович се пофали со своите предци – Дедо ми беше еден од ПАРТИЗАНИТЕ, се гордеам со југословенското потекло (ФОТО)
Познатата холивуска актерка на Инстаграм сподели дека родителите на нејзините мајка и татко биле борци во Втората светска војна.
Мила Јовович, актерка и модел сподели емотивна порака посветена на храбрите луѓе од нејзиното семејство кои учествувале во Втората светска војна. Таа објави слики од својата баба на Инстаграм, но и од многу други роднини, а во објавата објасни и дека во нивното семејство имало многу храбри војници.
– Мојата баба Татјана Попови станала медицинска сестра на фронтот кога имала само 16 години. До свои 18 години марширала храбро низ стравот се до Берлин. Тоа се нејзини медали и документи. Нејзиниот сопруг Александар Логинов исто така се борел во Втората светска војна, напиша Мила, а потоа додаде…
– Мојот дедо од татко Богдан Јовович се борел во редовите на југословенските партизани. Би можело да се каже дека доаѓам од втората низа на борци, војници и револуционери, толку многу се гордеам со своето наследство и неверојатните луѓе од кои потекнувам, се пофали актерката која и претходно истакнуваше дека нејзините предци се од поранешна Југославија и некогашниот Советски Сојуз.
Вистинското име на актерката е Милица, додека нејзиниот татко влече потекло од Црна Гора, а неговата фамилија живеела и на Косово и Метохија.
Мила раното детство го поминала во Москва, родниот град на својата мајка, а пред преселувањето во САД едно време живеела и во Велика Британија.