Микроорганизам преживеал 24 000 години замрзнат во Сибир

youtube
принтскрин

Микроскопски повеќеклеточен организам „воскресна“ откако беше замрзнат 24 000 години во Сибир, открива новото истражување.

Научници го ископаа животното познато како „bdelloid rotifer“ од реката Алаеза во Рускиот Арктик

Кога се одмрзнал микроорганизмот, се размножил асексуално, откако имал поминато милениуми во замрзната состојба на криптобиоза која претставува етапа од животот на некои организми при која степенот на метаболичката активност е редуциран до немерливо ниво, со цел опстојување на организмот при неповолни услови на средината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SophosAkademi (@sophosakademi)


Во претходно истражување било заклучено дека можат да останат замрзати до 10 години, но во новото истражување објавено во „Current Biology“, научниците образложија дека може да издржи илјадници години, ако не и бесконечно.

„Заклучокот е дека повеќеклеточен ораганизам може да биде замрзнат и зачуван илјадници години и потоа да се врати во живот – што е фантазија на многу писатели на фикција“, рече Стас Малавин од „Рускиот институт за физичко-хемиски и биолошки проблеми во науката за почвата“ за медиумите.

Тој изјави дека е потребно да се направат повеќе испитувања за да се открие како микроорганизмот го успеал тоа. Научниците замрзнале и одмрзнале десетици животни во лабараторијата обидувајќи се да го испитаат процесот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claire (@clairement_microscopique)

Со радиојаглеродно датирање е испитана возраста на „bdelloid rotifer“ кој испаднало дека е стар некаде помеѓу 23 960 и 24 485 години.

„Bdelloid rotifers“ се вид на ротифери кои живеат во слатководни средини околу светот. Името ротифер доаѓа од латинскиот јазик и значи „носител на тркала“, пренесува „BBC“.

Суштествата се познати по нивната способност да поднесуваат екстремни средини. Тие се едни од животните најотпорни на радијација, можат да поднесат средини со ниска концентрација на кислород, глад, висока базна средина и години дехидрираност, објавува „The New York Times“.

Постојат написи и за други повеќеклеточни организни кои „воскреснале“ по илјадници години, на пример цевчести црви, како и некои растенија и мовови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот