Микробиолошка анализа во Сараево: Што сè живее на употребените заштитни маски на граѓаните (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Носење на заштитна маска во затворен простор во функција на заштита од коронавирусот е задолжително, но препораките не пропишуваат колку треба да се чисти и колку често треба да се менуваат. Најчесто се носат околу рака и под брада, но неретко и во џеб, во торба, без притоа да се помисли на нивната ефектност.

Микробиолошка лабораторија направи проверка што се живее  на маските што се земени од жители на главниот град Сараево.

– Има некои бактерии кои се наоѓаат на рацете, но ако се најдат во некои други услови, може да бидат патогени и да предизвикаат заболувања, велат од микробиолошката лабораторија.

Погледнете го видеото:

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува секојдневно менување на маските.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот