Микро чантичките се вратија на голема врата

Судејќи според тоа што го видовме од уличната мода на присутните на модните ревии во Њујорк, Париз, Милано и Лондон, како и на модните писти, микро чантичките на голема врата се вратија на модната сцена и се „маст хев“ во 2020 година.

Големи се онолку колку да можат да соберат мобилен телефон, кармин и клучеви, практични се за носење, а може да се носат в рака, како ремен околу струкот или пак, префрлени преку рамото. Не ги чувствуваме на нас, не ни тежат, можеме да танцуваме слободно на забави, а дизајните им се толку примамливи што на ваквите чантички ретко кој би можел да им одолее.

View this post on Instagram

Welcoming this beauty to the family ??✨

A post shared by Amie Rogers (@chase_amie) on

Тие повеќе не се „резервирани“ само за помладите девојки, туку и за зрелите госпоѓи кои конечно, се збогувале со претераната шминка на лицето, што е всушност и задолжителен тренд за оваа, 2020, година.

Сезоната на мали чантички први ја отворија популарните луксузни модни марки. Обидот на малите чантички да да вратат на уличната сцена, започна во 2018 година, но беа потребни две години за да се достигне подемот – лесно ќе ги најдете во пролетните колекции на лускузните брендови, но и во понудата на „хај стрит“ модните марки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот