Микис Теодоракис погребан на островот Крит

Под звуците од неговата музика, со аплаузи од присутните и во присуство на државниот врв, познатиот грчки композитор денеска во градот Ханија на островот Кртит, беше испратен во неговиот вечен дом, јави дописничката на МИА од Атина.

Местото на погребот го избрал самиот Теодоракис, а неговата желба се исполни со судска одлука, откако претходно семејството најави дека погребот ќе биде во близина на Коринт.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека „денеска, онака како што заслужува, се збогуваме со последниот голем Грк од 20 век”.

На погребот присуствуваше и потпретседателката на Владата на Србија и министерка за култура Маја Гојковиќ како претставник на српскиот претседател

Теодоракис во четвртокот почина на 96-годишна возраст, а во изминатите три дена, пред да биде пренесен на Крит, телото беше изложено во црква во Атина и на грчкиот композитор, почит му изразија илјадници граѓани

извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот