Микел Артета се враќа во Арсенал!? (ФОТО)

фото:твитер

И Арсенал овие денови би можел да добие нов менаџер, а според британскиот „Дејли Мејл“ би требало да добие Шпанецот Микел Артета, моментно помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.

Истиот извор информира дека вечерва ќе се водат завршните преговори помеѓу Артета (37) и шефот на „топчиите“, Џош Кроенке.

Доколку успешно завршат разговорите, ќе следуваат само формалностите, а Артета би се вратил во лондонскиот клуб после три години.

Како играч настапуваше за оваа екипа од 2011. до 2016. година, а во еден период кај тогашниот менаџер Арсен Венгер ја носеше и капитенската лента.

После отказот на Емери, повремено решение стана клупската легенда Фреди Љунгберг кој не е планиран како трајно решение, а доказ е и вчерашниот убедлив пораз дома од Манчестер сити на „Емирати“ стадионот.

Кога сме кај менаџерите, можно е Карло Анчелоти да се врати во Премиер лигата, после отказот во Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот