Мик Џегер повторно на филмското платно: Уживам додека глумам! (ВИДЕО)

Без разлика на тоа дали настапува пред арена преполна со десетици илјади обожаватели или глуми во филм, легендарниот Мик Џегер вели дека искуството во суштина е исто, бидејќи тој и натаму настапува.

Мик Џегер (76) во последната улога во трилерот „The burnt orange heresy“, глуми богат колекционер на уметнини на Џозеф Касиди, пренесува Ројтерс.

Филмот, во кој глуми и Доналд Сатерленд, а кој е снимен во вила на езерото Комо, беше промовиран синоќа во кино салите ширум Њујорк и Лос Анџелес.

Иако се појавува само во две сцени, ова е најголемата улога на Џегер од 2001 година, кога глумеше во филмот „Elysian fields“.

– Актерството не е голем дел од мојот живот, но кога глумам секогаш уживам во тоа – вели Џегер за Ројтерс.

– Ова е друг вид на настап. Сакам да правам работи кои ме интересираат, без разлика дали станува збор за актерство, музика, комедија или што било – рече тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот