Мик Џегер: Антиваксерите се луѓе со кои не вреди да се дискутира

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Фронтменот на „Ролингстоунси“, Мик Џегер, во својата нова песна „Easy Sleazy“ ги „закачна“ антиваксерите и теоретичарите на завери, а во интервјуто за магазинот „Rolling Stones“ наведе дека станува збор за луѓе со кои не вреди да се дискутира.

Мик Џегер и фронтменот на бендот „Foo Fighters“, Дејв Фрол, неодамна ги изненадија обожавателите со новиот сингл „Easy Sleazy“. Песната настанала за време на карантинот воведен поради пандемијата на коронавирусот, а Џегер во неа се осврна и на теориите на заговор и антиваксерското движење.

Легендарниот рокер во интервјуто за „Rolling Stones“ изјави дека стиховите ги напишал откако негови блиски пријатели и членови на семејството започнале да веруваат во теориите на заговор.

„Имам пријатели и роднини кои се впуштаат во тие нешта кои едноставно се ирационални. Нормално, не вреди да дискутирате со нив за тоа. Го добиле она во што треба да веруваат и тие веруваат во тоа. И не е важно што ќе кажете, тие и понатака ќе веруваат во тоа. Таму рационалната мисла не функционира“, оцени Џегер.

Тој се потсети и дека кога бил дете, многу деца умирале од детска парализа, а таа болест подоцна била искоренета токму со вакцинацијата.

„Тие несреќни деца или умираа или остануваа осакатени, а јас имав доста такви другари. Дали вие попрво би го вакцинирале своете дете или би оставиле да почине или да остане неподвижно? Но не можете да се расправате со тие луѓе. И така дојдов до теоријата на заговор, преку антиваксерите. Тоа дури не го ни споменав во песната, а веројатно требаше“, заклучи фронтменот на „Ролингстоунси“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот