Мијатовиќ: Им честитам на Македонците, може да бидат изненадување на Европското првенство!

Фото: instagram.com/ffmacedonia/

Поранешниот играч на Реал Мадрид и екс репрезентативец на Југославија, исто така со големо внимание ќе ги следи натпреварите на Европското првенство.

Предраг Мијатовиќ кој со Реал како играч ги освои шпанската „Ла Лига“ и Лигата на шампионите, во интервјуто за „vijesti.me“, зборуваше за претстојното ЕП и за тоа кои се фаворити за титулата.

Воедно им честиташе и на македонските фудбалери кои се дебитанти на континенталниот собир:

– Самото учество на Македонија на ЕП е голем подвиг. Тоа треба да се почитува максимално. Штом сте во таква конкуренција и кога станува збор за ваква репрезентација, тогаш сè е можно. Можно е да изненадат, што е сосема нормално и легитимно, но од друга страна, можно е да се случи тие да не бидат на нивото од квалификациите и на почетокот од квалификациите за СП. Треба да почекаме да го видиме првиот натпревар (против Австрија), да видиме како ќе се обидат да изберат позиција во групната фаза. И тогаш сè е можно. Нивното учество е голем успех и би сакал да ја искористам оваа можност да му честитам на селекторот (Игор Ангеловски), играчите и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (Муамед Сејдини) – вели Мијатовиќ.

Потоа одвои неколку фаворити кои би можеле да бидат во сериозна трка за титулата на Евро 2020:

– На сите поголеми натпреварувања, и на европските и на светските првенства, четири или пет селекции се секогаш главни фаворити. Дефинитивно треба да сметаме на актуелниот светски шампион – Франција, не треба да ја заборавиме Германија, треба да ги имаме предвид и Англичаните. Секако, тука се и Шпанците, Португалците, кои се шампиони на Европа. Значи, има многу историски тимови, кои ќе се во трка за трофејот. Треба да сметаме и на некои селекции, кои во моментов не се фаворити, како што е Белгија. Во секој случај, мислам дека фаворитот ќе се бара повеќе или помалку во екипите што го освоија ова натпреварување. Треба да се има предвид последниот Мундијал (СП), каде Хрватска беше финалист, што беше сосема неочекувано пред почетокот на шампионатот. Подоцна, кога сè започна, имавме можност да видиме дека тие се една репрезентација, која заслужено играше финале. Може да има изненадувања, но во секој случај очекувам едно феноменално ЕП. Мислам дека сите копнеевме за таков шампионат, особено по сè што се случи со ковид-19 во последната година и пол – додава Мијатовиќ.

Mакедонската полиција ќе се грижи за безбедноста на Европското фудбалско првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот