Мијата: Ви го препорачувам „Слуга“ – филм за превоспитување на богати разгалени деца

Мијата неодамна го промовираше новиот сингл „Регрет“, бидејќи како што вели: „Ние луѓето што се занимаваме со уметност имаме и морална обврска да им понудиме на луѓето нешто што ќе им го оттргне за момент вниманието и ќе им ја разгали душата, додека гледаат само вести за корона, иако периодов не е за промоција на нешто ново“.

А, како го поминуваат времето во изолација? Очигледно исполнето.

-По дома се чуваме во строга изолација, со оглед на тоа што имаме и возрасни лица. Најмногу сме окупирани со обврските на Калин, којшто е четврто одделение. Ставивме и фолија како табла и имаме училишен час и наутро и попладне. Никита се трудиме да има активности кои се поврзани со оние во градинка. Со баба ѝ правеа пуканки, па ги боеја и ги лепеа како цвеќиња.

Мијата, како што е добро познато, е контролорка на летање на аеродромот „Скопје“. Со оглед на тоа што е затворен, ја прашавме дали оди на работа или паузира.

-На работа одам, но сум на „стенд бај“ смена, што значи во секој момент може да ме повикаат, ако некој од колегите појави симптоми, ќе треба да го заменам.

Препорака за филм, книга…

-Многу ми се допадна еден руски филм „Холоп“ што во превод значи „Слуга“, со еден српски актер Биковиќ, кој цело време зборува руски. Многу едукативен за превоспитување на разгалени, богати деца. Поттикнува на размислување и делува многу реално.

За книги не ѝ преостанува време, бидејќи се заминава со програмата за четврто одделение, комутативни закони за множење и делење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот