Мијата ја препеа „Бај бај“ испеана на „Макфест“ во 1988 година (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Познатата пејачка Мијата повторно има нова песна. Овој пат станува за преработка на добро познатата „Бај Бај“, испеана во 1988 година на фестивалот „Макфест“ од групата „Бубамара“.

Музиката и текстот се на легендарниот Драган Каранфиловски – Бојс, додека пак новиот аранжман во кантри блуз стил го потпишуваат Дамир Пух, Наташа Миха Пух и Мијата. Усната хармоника ја свири Александар Пешевски, а слајд гитарите се на Дамир Пух.

– Ова е прв пат да преработам македонска песна, а токму оваа претставува за мене емоционален времеплов. Голема чест ми е што добив шанса да персонализирам песна на Бојс со својата интерпретација – вели Мијата.

Погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот