Сашо Мијалков попладнево се пријави во Обвинителството, објави ТВ 24. Во изјава за телевизијата, екс директорот на УБК посочи дека изминатите деноиви бил во изолација поради висока температура.
– Дојдов да се јавам во Обвинителството. Имав температура над 40 степени и бев изолиран со симптоми на коронавирус. Вчерашниот ден го минав во изолација. Се извинувам на цела јавност за сè што се случи. Уште еднаш повторувам дека нема да побегнам. Се извинувам на Владата, на премиерот, на министрите, рече Мијалков во изјава за ТВ 24.