Мијалков ослободен од обвинение за случајот „Тортура“

Сашо Мијалков / Фото: EPA-EFE
„Ослободени од обвинение“ гласи денешната пресуда на судечкиот совет од Кривичниот суд во Скопје за случајот „Тортура“, предмет во кој им се судеше на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“.

Тие беа обвинети за мачење и тортура при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година. Мијалков во суд беше донесен стражарно од притворското одделение во „Шутка“.

Тој е осуден за случајот „Таргет-Тврдина“ на 12 години затвор, а за „Трезор“ е осуден на осум години затвор. Мијалков во 2019 година беше осуден на три години затвор и во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, но Апелација го врати судењето на почеток поради суштински повреди во постапката.

Обвинителот Лапе ќе ја обжали ослободителната пресуда за Мијалков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот