Мијалков: Немам рецепт за милионите

Сашо Мијалков во судница/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Сашо Мијалков, обвинет во судскиот предмет „Плацеви на Водно“ денеска се појави на судското рочиште. Тој беше во изолација поради коронавирус, па судијата Илија Трпков на почетокот на судењето го праша дали е во добра здравствена состојба и, откако доби потврден одговор, почна главната расправа на која е присутен и бизнисменот Јордан Камчев, кој, заедно со Мијалков, се бранат од слобода откако апелациските судии ги ослободија од притвор со приложена гаранција од над 11 милиони евра.

„Кој е рецептот за милионите?”, го прашаа новинарите при влегувањето во судот.

„Немам таков рецепт”, кратко одговори Мијалков.

Во „Плацови на Водно“ Груевски е првообвинет и му се суди во отсуство. Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милиони евра (79 972 140 денари), а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно. Покрај имотот на Водно, обвинението опфаќа и два стана во главниот град и две парцели во Крушево за кои обвинителството тврди дека се прикривал вистинскиот сопственик односно Груевски. Покрај Груевски, Мијалков и Камчев, обвинети се и Ратка Куновска-Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот