Мијалков негира инволвираност во предметот „Рекет“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков вели дека нема никаква врска со случајот „Рекет, пренесува „Алсат М“.

-Немам никаква конекција со тоа – кусо изјави Мијалков пред судот, одговарајќи на новинарско прашање дали дал пари, бидејќи неговото име било неколку пати споменато во „Рекет“.

Името на Сашо Мијалков се спомна и од сведоците во „Рекет“, а исто така се споменува и во новите прислушувани разговори кои анонимно се објавуваат на Јутјуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот