Мијалков нè избрка, сега бараме Бугарија да ни ја спаси прилепската куќа на писателот Талев, пред да ја купи Турција

„Димитар Талев е една од најобединувачките фигури меѓу Бугарија и Македонија. Мора да градиме мостови меѓу двата народа, а Талев е пример, ја сака Македонија. Сакаме државата да влезе во директни преговори со сопствениците на куќата на Талев, да ја откупи и зачува“, порача Димитар Панчев, наследник на бугарскиот писател Димитар Талев, јави БГНЕС.

Наследниците на писателот Талев, студентскиот клуб „Кан Кубер“ и клубот „Патриотизам и патриотизам“ на прес-конференција во врска со можностите и решенијата за куќата на Талев ја повикаа бугарската држава да направи сè што е потребно за да се зачува овој, како што велат,  споменик на Бугарија во Македонија.

Куќата паѓа. Ние сме протерани од нашата земја. Сашо Мијалков, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање нè избрка од таму и се вративме кај татко ми. Приказната за Димитар Талев се повторува, тој беше избркан, сега јас и моето семејство бевме избркани. Срамота за Бугарија, да не множе да собере 100.000 евра за една куќа, срамота – изјави Снежана Аческа.

Таа вели дека како сопственичка на куќата на Димитар Талев и по напуштањето на објектот носела Бугари на гости, на посета, а од соседите добивала многу навреди.

Политиката на политичарите, барам Бугарија да покаже интерес за оваа куќа. Да го вратиме Димитар Талев од каде што замина рече Аческа.

Таа раскажа дека куќата е голема со над 10 соби.

Од тоа време ќе оставам две соби, како и библиотека полна со српска, класична и световна литература. Сакам куќа за куќа, не сакам да се збогатам од куќата на Димитар Талев, сакам да се зачува и да може да се посетува. Ја сакам Бугарија и барам државата да направи нешто вредно во центарот на Прилеп. Почнав со Прванов, па Данаилов, Спас Ташев, разговарав со директорот на домот за култура во Скопје, но додега немаше резулта рече таа.

 

Роднината на писателот, Љубомир Талев, изјави дека „антибугарската политика во Македонија која е насочена против населението со бугарска самосвест е загрижувачка, особено што Снежана Аческа не се чувствува безбедна“.

Бугарската држава мора да зачекори во својата улога и да ја спаси куќата на големиот бугарски писател од РС Мамедонија, Димитар Талев. Не смееме да дозволиме да се троши националното и културното наследство. Турција сака да ја купи куќата затоа што е модел на отоманска архитектура, турската држава има намерна политика на зачувување на оние објекти врз кои имала влијание, тоа е т.н. мека моќ. Бугарија мора да има намерна политика кон таквите споменици кои се толку важни за Бугарија додаде Љубомир Талев.

Професорот Михаил Неделчев вели дека и во Бугарија има малку куќи на бугарски писатели кои се музеи.

Куќата на Димитар Талев е света за сите нас, во неа се развиле познати романи. За Бугарија да има куќа-музеј, симбол на бугарската култура и литература во центарот на Прилеп, тоа мора да се случи. Како историчар целосно ја поддржувам оваа кауза и ќе помогнам колку што можам да се зачува куќата на Талев вели Неделчев.

На прес-конференцијата се јави и Христо Христов, наследник на Гоце Делчев, кој рече дека каква и да е цената на куќата, таа е неспоредлива со бесценетата литература на Талев.

Ова е огромно богатство за Бугарија и мора да се зачува, куќата нека се купи, бидејќи за бугарската земја тоа е бесценето вели Христов.

Владимир Чешмеџиев од „Патриотизам и патриотизам“ вели дека не е најстрашно што друга земја е заинтересирана и понудила да ја купи куќата, туку што бугарската држава ја нема 20 години.

Срамно е што толку години не се постапува на оваа тема, а кога споменавме дека ќе се занимаваме со оваа активност за зачувување на куќата, учениците беа тие кои реагираа многу позитивно. Зачувувањето на оваа куќа е должност кон младите, кон следните генерации, да ја зачуваат можноста тие да го почестат овој херој. Самиот Димитар Талев е жртва на режимот во Југославија, сега продолжува во РС Македонија над тамошните Бугари. Ако имаме проблем, тоа се нарекува неспособност на бугарската држава. Споменот на Димитар Талев може да стане објект на туризмот меѓу двете земји. Овој објект може да бара европско финансирање, а ова го предложи и Спас Ташев од БАН – рече Чешмеџиев.

 

На прашањето до кои институции се доставени барањата за зачувување на куќата на познатиот писател, студентите одговроија дека пред прес-конференцијата доставиле дописи до МНР и Министерството за култура, а се надеваат дека по прес-конференцијата институциите ќе дејствуваат.

Лани во интервју за БГНЕС  Аческа, актуелна сопственичка на куќата не сакаше да открие кој ги избркал пред 10 години, само рече дека тој човек е во затвор и му посакува да остане таму до крајот на животот. Целта му била, како што рече,  тој да им ја преземе куќата и да ја продаде. Нејзиниот сопруг починал од тага, рече, откако биле набркани. Тогаш таа појасни дека бара Бугарија да вложи во објектот, за да може да се обнови и да стане културен дом на Бугарија. Ако остане вака, вели, куќата ќе пропадне, оти одамна не живее никој во неа, а автентичноста  е сочувана.

Димитар Талев е бугарски писател од Македонија. По доаѓањето на комунистите на власт во Македонија, тој е затворен под обвинение дека ширел великобугарски шовинизам. Ослободен  е во 1948 година и продолжува да живее и работи во Бугарија. Признаен е како еден од класичните бугарски автори од 20 век, а во 2009 година неговиот роман „Железниот свеќник“ е избран на 4 место од 12 најсакани книги од бугарските читачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот