Мијалков ја тужи државата во Стразбур

Сашо Мијалков / Фото: EPA-EFE

Сашо Мијалков ја тужи Македонија пред Судот за човекови права во Стразбур, поради мерката притвор која му беше одредувана во 2018 и 2019 година, за случаите водени од СЈО: „Империја“, „Таргет-Тврдина“ и „Титаник 2“, пишува Фокус.

Во тужбата која ја поднел адвокатскиот тим на поранешниот директор на УБК, се наведуваат податоци за определувањето и за времетраењето на притворот за секој од предметите – се посочува дека во ноември 2018 година му бил одреден притвор за случајот „Империја“, поради ризик од бегство. На 1 декември притворот му бил укинат, но потоа му бил одреден нов, за случајот „Таргет и Тврдина“, исто така поради ризик од бегство.

Мијалков во тужбата го оспорува и притворот одреден по пресудата за случајот „Титаник 2“, односно тоа што Мијалков повторно бил вратен во истражниот затвор „Скопје“ на 8 март 2019 година, а Апелација му го заменила притворот со куќен притвор.

Адвокатите на Мијалков навеле дека притворот бил „незаконски, произволен и неразумен“.

Во тужбата исто така се поентира и дека во 2016 година, тогашниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов донел одлука за помилување, со што Мијалков бил иземен од гонење за некои кривични дела. Потоа се појаснува и дека претседателот ја поништил дадената аболиција, за што се води посебна постапка пред европскиот суд.

Тужбата на Мијалков е примена во судот во Стразбур, кој испратил повеќе прашања до Министерството за правда, поради појаснување на наводите во тужбата, пишува Фокус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот