Мијаиловиќ потврди: Партизан официјално во Евролигата

КК Партизан повторно е дел од евролигашката елита/Фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Претседателот на српскиот кошаркарски клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ денеска на својот Инстаграм профил потврди дека „црно-белите“ и официјално потпишале договор со Евролигата во која ќе играат следната сезона.

– Денеска е потпишан официјален договор со кој КК Партизан станува учесник во Евролигата за сезоната 2022/23. На овој начин уште еднаш би сакал да им честитам на сите кои го имаат Партизан во срцето – конечно сме на местото што го заслужуваме – напиша Мијаиловиќ на Инстаграм.

Претседателот на Партизан ги повика навивачите да му дадат поддршка на тимот на Жељко Обрадовиќ и најави дека продажбата на сезонските билети ќе започне на 15 август.

– Известување до сите фанови, КК Партизан ќе ги пушти во продажба сезонските билети на 15 август. Очекувајте многу новитети и подобрувања во однос на претходните години. Ни треба вашата поддршка, повторно заедно да испишеме историјата – вели Мијаиловиќ.

Кошаркарите на Партизан ќе ја започнат сезоната во Евролигата на 7 октомври (20 часот) со гостување кај Алба во Берлин, а првиот домашен меч ќе го имаат против Олимпија од Милано во третото коло на 18 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот