Михајловиќ: Италија е фаворит и против Македонија, и против Португалија

Синиша Михајловиќ се разделува со Болоња поради слабите резултати/фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Српскиот тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ вели дека репрезентацијата на Италија има големи шанси низ баражот да се пласира на Светското првенство во Катар.

Покрај дуелот Португалија – Турција, Италијанците се нашиот противник во полуфиналето од плеј-офот на 24 март во Палермо, а пет дена подоцна ќе се игра и финалето.

– Мислам дека нема да биде лесно, но Италија е фаворит, и против Македонија и против Португалија во финалето.

Поразлично е во репрезентацијата, во тие натпревари доколку играчите се во добра форма, може да ја направат разликата. Зависи од моментот, од повредите, од минутажата, ѐ може да се случи – рече Михајловиќ.

Во останатите бараж мечеви за СП се сретнуваат: Велс – Австрија, Шкотска – Украина (одложено) и Шведска – Чешка. Полска поради суспензијата на Русија е веќе во финалето и за место на Мундијалот ќе игра против Швеѓаните или Чесите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот